[Видео] Сите 750 луѓе биле успешно евакуирани откако пожар зафати ноќен клуб во Германија

пожар

Околу 750 беа успешно евакуирани од ноќен клуб во југозападна Германија по пожарот во саботата навечер, јавува Еуроњуз.

Според полицијата, пожарот избувнал околу 3:45 часот наутро во К Клуб, ноќен клуб во Кел, кој се наоѓа во близина на границата со Франција.

Потоа пожарот се проширил на целата зграда, при што сите 750 луѓе внатре успеале да избегаат. Три лица биле згрижени од службите за итни случаи, но не биле однесени во болница.

Сликите објавени од германските медиуми покажаа огромен пожар на покривот на клубот, кој се наоѓа во индустриска зона на градот.

К Клуб е специјализиран за хип-хоп и афро музика, објавува германската новинска агенција ДПА. Честопати е домаќин на публика од Алзас, особено од Стразбур, најблискиот француски град од другата страна на Рајна.

Покрената е истрага за да се утврди причината за пожарот, која сè уште не е позната.

Инцидентот се случи неколку месеци по пожарот во бар во швајцарскиот скијачки центар Кран-Монтана, во кој загинаа 41 лице, а 115 беа повредени. За разлика од пожарите во Кран-Монтана и Кочани, во Кел процесот на евакуација се чини дека поминал непречено.

Зачлени се на нашиот е-билтен