[Видео] Словенецот Превц постави нов светски рекорд во скијачки летови

Ски скокачот Домен Превц постави нов светски рекорд со скок од 254,5 метри на последното овогодишно натпреварување од Светскиот куп во Планица во Словенија.

Превц, кој годинава ја освои светската титула на големата скокалница во Трондхајм, прескокна рекордни 254,5 метри, соборувајќи го рекордот на Австриецот Стефан Крафт од 253,5 метри од март 2017 година.

На одушевувањето на публиката и јавноста во Словенија немаше крај и тоа се гледа по видеото од скокот на Превц.

Зачлени се на нашиот е-билтен