Вискито ја прели чашата – Трамп бесен поради одлуката на ЕУ

Трамп: Со Косово имаме силни врски и продолжуваме да работиме на зајакнување на демократските институции
Трамп: Со Косово имаме силни врски и продолжуваме да работиме на зајакнување на демократските институции


Американскиот претседател Доналд Трамп остро ја нападна Европската унија откако Брисел донесе одлука да воведе 50% царина на американскиот виски. Според Трамп, оваа мерка е уште еден доказ дека глобалните трговски односи се неправедни кон САД, а Вашингтон е на губитничка страна.

„САД немаат слободна трговија. Имаме ‘глупава трговија’. Целиот свет нè ограбува!“ – напиша Трамп на својата платформа „Truth Social“, нагласувајќи дека американската економија е изложена на системска експлоатација од страна на странските партнери.

Трамп ја обвини ЕУ за „непријателска политика“

Трамп обвини дека ЕУ намерно ги злоупотребува царините и даноците за да ја ослаби американската економија. Според него, Брисел води политика која има за цел да ги искористи САД, а воведувањето на „гадната царина“ за вискито е само последен пример за тоа.

„Европската унија ја користи трговијата како инструмент за политички притисок врз Америка. Тоа што го направија со вискито е класичен пример за нивниот непријателски однос кон нас“, изјави Трамп.

Одлуката на ЕУ доаѓа како одговор на претходните царини кои Трамп ги воведе за увоз на европски челик и алуминиум. Брисел најави дека од 1 април ќе ја укине суспензијата на трговските мерки против САД и до 13 април новите царини ќе стапат во целосна сила.

Одрмазда со 200% царина на европскиот алкохол

Во својот препознатлив стил, Трамп не остана должен и најави дека ќе возврати со уште построги мерки против европските производи.

„Ако оваа царина не биде веднаш укината, САД ќе воведат 200% царина на сите вина, шампањи и алкохолни пијалаци од Франција и другите земји-членки на ЕУ. Тоа ќе биде одлично за американските бизниси со вино и шампањ!“ – порача Трамп.

Трговската војна меѓу САД и ЕУ не е нов феномен. Уште во неговиот прв мандат, Трамп воведе низа царини на европските производи, вклучувајќи ги и тие на челикот и алуминиумот, што доведе до сериозни одмазднички мерки од Брисел.

Останува да се види дали најавените нови американски санкции ќе го ескалираат економскиот конфликт меѓу двата трговски гиганти и дали ЕУ ќе преземе дополнителни чекори за да ги заштити своите економски интереси.

Зачлени се на нашиот е-билтен