Делегација на НАТО предводена од Врховниот командант на сојузничките сили за трансформација, адмирал Пјер Вандиер, ја посети Украина, што е прва посета на ова ниво за време на целосна војна.
Информацијата на социјалните мрежи ја соопшти Павло Палиса, заменик-шеф на кабинетот на претседателот на Украина, како што објави „Европска правда“.
„Имавме суштинска дискусија за вклучување на украински воен персонал во идните вежби на НАТО во улога на симулиран противник (Црвен тим). Минатогодишното искуство од учеството на нашите единици им ги покажа најновите методи на војување на сојузниците – во сценарија за обука, украинските тимови покажаа значителна предност… Денес, Украина не е само потрошувач на безбедноста. Украина е нејзин производител“, напишал палиса на Фејсбук.
Во објавата се вели дека се разговарало и за иднината на Заедничкиот центар за анализа, обука и образование (JATEC) меѓу НАТО и Украина, официјално отворен на почетокот на 2025 година.
„Достигнуваме до последната фаза од распоредувањето на украинските командни системи, развивањето на аналитички способности и придонесувањето за проширување на програмите за обука“, пишува Палиса.
JATEC, како заедничка иницијатива на Украина и НАТО, има за цел да го поддржи развојот на интероперабилност меѓу вооружените сили на Украина и силите на НАТО и да ја промовира размената на искуства меѓу двете страни.
