Виткоф во Осло ќе се сретне со Зеленски пред да патува кај Путин во Москва

Зеленски
EPA/SERGEY DOLZHENKO

Специјалниот пратеник на Доналд Трамп, Стив Виткоф, денеска во Осло се среќава со украинскиот претседател Володимир Зеленски, по што ќе отпатува за Москва на разговори со рускиот лидер Владимир Путин. Дипломатската офанзива се одвива во услови на зголемени тензии меѓу Киев и Вашингтон околу испораката на ракети за системите „Патриот“ и американскиот притисок за прекин на нападите врз руската нафтена инфраструктура.

Домаќини на состанокот во главниот град на Норвешка се норвешкиот премиер Јонас Гар Стере и финскиот претседател Александар Стуб. Покрај Виткоф, на разговорите од далечина се приклучува и зетот на поранешниот американски претседател, Џаред Кушнер.

Норвешкиот премиер потврди дека состанокот се одржува на барање на Киев, со цел дипломатските напори за прекин на војната да добијат поконструктивен правец.

На средбата учествуваат и претставници на Велика Британија, Франција, Германија и Полска, како и делегации од Европската Унија и НАТО. Вклучувањето на Варшава следува по критиките од полскиот премиер Доналд Туск дека Полска не смее да биде изоставена од одлуките за иднината на Украина.

По разговорите во Осло, Виткоф заминува за Москва на директна средба со Путин. Според најавите, покрај мировните преговори, тема на состанокот ќе биде и можното ослободување на 74-годишниот американски државјанин Стивен Хабард, кој се наоѓа во руски затвор под обвинение за учество во воените дејствија на украинска страна.

Дипломатската средба доаѓа во момент на заострување на односите меѓу САД и Украина. Вашингтон бара од Киев да ги запре нападите со дронови врз руските нафтени капацитети, додека украинската страна се соочува со застој во испораката на американските противвоздушни ракети „Патриот“.

Зеленски викендов изјави дека му предложил на Вашингтон прекин на нападите врз руските рафинерии во замена за нови ракети за „Патриот“, кои се неопходни за заштита од руските балистички удари.

Украинскиот претседател утрово разговараше и со американскиот државен секретар Марко Рубио, при што посочи три клучни проблеми: испораката на противбалистички ракети, пристапот до разузнавачки податоци за рана најава на ракетни напади и надминување на ограничувањата за сателитските комуникации преку системите Старлинк и Старшилд.

Во Киев постои загриженост дека одложувањето на пратката ракети „Патриот“, финансирана од европските сојузници, е политички мотивирано со цел да се изврши притисок врз украинското раководство. Од Пентагон и од НАТО наведуваат дека испораките финансирани од сојузниците продолжуваат според утврдените процедури.

Рацин.мк ве прашува:

Кога очекувате комплетно завршување и пуштање во употреба на автопатиштата?

Веќе имате гласано на оваа акента.

Нема да ги возиме пред 2030 198 (45%)
45 %
Кинескиот Кичево-Охрид ќе се влече со години незавршен, Бехтел - Енка ќе ги возиме до 2028-2030 99 (22%)
22 %
4. Кичево-Охрид ќе го возиме наскоро, а Бехтел-Енка ќе заглават со години 77 (17%)
17 %
До 2028 ќе ги возиме и Бехтел-Енка и Кичево-Охрид 67 (15%)
15 %

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Кога очекувате комплетно завршување и пуштање во употреба на автопатиштата?

Веќе имате гласано на оваа акента.

Нема да ги возиме пред 2030 198 (45%)
45 %
Кинескиот Кичево-Охрид ќе се влече со години незавршен, Бехтел - Енка ќе ги возиме до 2028-2030 99 (22%)
22 %
4. Кичево-Охрид ќе го возиме наскоро, а Бехтел-Енка ќе заглават со години 77 (17%)
17 %
До 2028 ќе ги возиме и Бехтел-Енка и Кичево-Охрид 67 (15%)
15 %