Вложил 10 евра и ги погодил сите седум броеви-Играч освои џекпот од 250 милиони евра

Човек од Австрија освои 250 милиони евра во европската лотарија EuroMillions.

Како што синоќа објави Лотаријата на Австрија, добитникот со вложени 10 евра ги погоди сите седум добитни броеви.

„Претходниот рекорден добитник исто така беше Австриец. Во декември 2023 година, играч сам го освои EuroMillions џекпотот, кој тогаш изнесуваше 240 милиони евра. По освоената сума, играчот остана анонимен и не беа откриени никакви детали за него“, пренесе австрискиот весник Heute.

Со слоганот „Станете побогати од богатите“, лотаријата EuroMillions беше покрената во 2004 година и се одржува во земјите учеснички – Франција, Шпанија, Велика Британија, Австрија, Белгија, Ирска, Луксембург, Португалија и Швајцарија.

Што се однесува до најновиот добитник, на неговата сметка ќе му бидат префрлени 250 милиони евра по истекот на периодот за жалби, кој трае четири недели.

Зачлени се на нашиот е-билтен