Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Во Белорусија ќе се складира руско нестратешко нуклеарно оружје

 Министрите за одбрана на Белорусија и на Русија, Виктор Хренин и Сергеј Лавров денеска во Минск потпишаа документи со кои се дефинира процедурата за складирање на руското нуклеарно оружје во специјално складиште на белоруска територија.

– За време на состанокот беа потпишани документите, со кои се дефинира процедурата за складирање на руско нестратешко нуклеарно оружје во посебен капацитет за складирање на територијата на Република Белорусија, се наведува во соопштението на белоруското Министерство за одбрана.

За да избегне двосмисленост поврзана со тактичкиот нуклеарен арсенал на Русија во Белорусија, Шојгу појасни дека контролата врз оружјето и одлуката за негово користење остануваат привилегија на Москва.

Шојгу истакна и дека западните земји во суштина почнале необјавена војна против Москва и Минск.

– Денес стоиме заедно против колективниот Запад, кој во суштина води необјавена војна против нашите земји, наведе Шојгу.

Тој додаде дека во тек е спроведувањето на мерките за зголемување на борбената готовност на обединетите вооружени сили на НАТО во Источна Европа.

– Се распоредуваат дополнителни воени контингенти и се распоредува воена инфраструктура, се интензивираат борбените и извидувачките активности во близина на границите на сојузната држава (наддржавна унија меѓу Русија и Белорусија), посочи Шојгу.

Зачлени се на нашиот е-билтен