Во морскиот дел на 23 наутички милји во близина на грчкиот остров Гавдос спасени 69 мигранти, информираа од крајбрежната служба на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.
Чамецот со мигрантите бил откриен од товарен брод што пловел под знаме на Барбадос, а акцијата за спасување ја спровела патролен брод на крајбрежната служба.
Спасените мигранти биле безбедно пренесени на пристаништето на островот.
Во средата, биле спроведени три спасувачки акции во јужниот дел на Грција, во делот меѓу Крит и Гавдос и биле откриени и спасени вкупно 133 мигранти.