Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Во Централноафриканската Република почна гласањето за новиот устав

 Гласањето за новиот устав почна утрово во Централноафриканската Република.

Според нацртот на новиот устав, претседателот Фостен Аршанж Туадера би можел да се кандидира за трет мандат.

Противниците го обвинуваат Туадера (66) дека сака да остане „доживотен претседател“.

Право на глас имаат околу 1,9 милиони избирачи.

Првите резултати ќе бидат објавени во рок од осум дена, а конечните резултати Уставниот суд ќе ги соопшти на 27 август. 

Зачлени се на нашиот е-билтен