Данскиот парламент усвои нов закон со кој се зголемува возраста за пензионирање на 70 години, почнувајќи од 2040 година. Законот беше изгласан со големо мнозинство – 81 пратеник гласал „за“, а 21 бил „против“, соопшти парламентот преку својата официјална веб-страница.
Согласно реформата донесена во 2006 година, возраста за пензионирање во Данска се определува според очекуваниот животен век и се ревидира на секои пет години. Со веќе утврдениот распоред, старосната граница ќе порасне на 68 години од 2030 година, а на 69 години од 2035 година.
Според новиот закон, пензионирањето на 70 години ќе важи за сите лица родени по 31 декември 1970 година, односно за сите кои ќе наполнат 69 години во 2040 година.