Во две руски министерства забрането користење уреди на Apple

Во Русија денеска стапи на сила мерка со која на вработените во Министерството за индустрија и трговија и Министерството за дигитален развој им забранува да користат iPhone, таблет или кој било друг производ на Apple за деловна комуникација.

Слична мерка наскоро ќе донесат и министерствата за финансии и енергетика.

Според италијанска „Република“, на вработените им се советува да користат телефони со оперативни системи Андроид, кинески еквиваленти или Аурора, развиени од државната компанија Ростелеком, а се користат на уреди во училиштата и здравствените установи.

Зачлени се на нашиот е-билтен