Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Во фјорд кај Осло распореден американскиот носач на авиони „Џаралд Форд“

Американскиот носач на авиони „Џералд Форд“, придружуван од норвешките вооружени сили, денеска се закотви кај главниот град на Норвешка, Осло, каде ќе остане до вторник.

Носачот на авиони треба да учествува во вежби со норвешката армија.

Норвешката армија соопшти дека „таа нуди единствена можност за натамошно развивање на соработката со најважниот сојузник, САД“.

Бродот на нуклеарен погон влезе во фјорд во близина на Осло, придружуван од чамец со вооружен екипаж. Норвешката војска нареди сите пловни објекти да се држат на половина километар подалеку од носачот на авиони, а летовите над оваа област се забранети.

Норвешката јавна телевизија го пренесе пристигнувањето на бродот, што е во прва посета на странство. Се користи од 2013 година, а е опишан како најголемиот носач на авиони во светот.

Руската амбасада во Осло соопшти дека „ваквите демонстрации на сила се нелогични и штетни“.

Односите меѓу Осло и Москва, кои имаат граница од 198 километри на Арктикот, се затегнати поради руската инвазија врз Украина.

Американската морнарица на почетокот на мај објави дека „Џералд Форд“ тргнал од Норфолк, Вирџинија, на своето „прво борбено распоредување“.

Тоа е првиот брод од новата класа американски носачи на авиони, а уште два се во изградба. На бродот има 2.600 морнари, 600 помалку од претходните генерации на американски носачи на авиони. 

Зачлени се на нашиот е-билтен