Наставничка во стручно училиште во германскиот град Есен утрово била нападната и избодена со остар предмет, пренесуваат германските медиуми. Полицијата брзо реагирала и излегла на терен, а осомничениот бил уапсен по кратко бегство.
Според полициски соопштенија објавени на социјалната мрежа X (поранешен Twitter), осомничениот првично избегал, но подоцна бил „забележан и недвосмислено идентификуван“. Наставничката била итно пренесена во болница по укажаната прва помош, со повеќе убодни рани.
„Според досегашните информации, наставничката добила убодни повреди во нападот,“ соопшти полицијата. Засега нема извештаи за други повредени лица.
Сè уште не е официјално потврдено дали напаѓачот е ученик на училиштето, иако некои извештаи го наведуваат тоа како можност. Полицијата не ги потврдила овие наводи.
Портпаролот на градот Есен изјави дека се работи за градско стручно училиште со околу 1.780 ученици. Според информациите на официјалната веб-страница на училиштето, таму се нуди образование во областа на исхрана, домаќинство, како и социјална и здравствена грижа.
Aktuell läuft ein größerer Polizeieinsatz im Bereich des Berufskollegs an der #Blücherstraße in #Essen. Wir sind mit starken Einsatzkräften vor Ort. #E0509
— Polizei NRW E (@Polizei_NRW_E) September 5, 2025
Училиштето засега нема објавено официјално соопштение за инцидентот.