Дваесетгодишен маж од Капела ан ден Ијсел, во близина на Ротердам, осомничен за закана и подготовка на терористички напад во кој имал намера да убие што е можно повеќе луѓе, ќе остане во притвор уште 14 дена, одлучи денес истражниот судија.
Според Јавното обвинителство на Холандија , на 5 октомври полицијата добила дојава дека еден маж зборувал за својата намера да изврши напад и да убие што е можно повеќе луѓе, и наводно споменал одредена цел, објави NL Times.
Властите не ја открија локацијата ниту дали осомничениот е поврзан со некоја терористичка организација.
По апсењето , полицијата изврши претрес во неговиот дом и заплени уреди за складирање податоци за понатамошна истрага.
Меѓу пронајдените предмети во куќата имало меч, два ножа и воздушна пушка, кои исто така се испитуваат.
