Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Во Истанбул започнуваат разговорите за продолжување на Договорот за извоз на жито

 Турција, Русија, Украина и Обединетите нации денеска и утре во Истанбул ќе преговараат за продолжување на Договорот за извоз на житарки од пристаништата на Црното Море, соопшти Министерството за одбрана на Турција.

За време на средбата ќе се разговара за проширување на Црноморската иницијатива за жито, како и за развој на детален и безбеден план за враќање на трговските бродови и нивните екипажи закотвени во украинските пристаништа поради војната, јави Анадолија.

Претходно постигнатиот договор истекува на 18 мај.

Минатиот јули, во Истанбул беше потпишан Договор за обновување на извозот на жито од три украински пристаништа на Црното Море, по суспензијата на транспортот во февруари 2022 година, по избувнувањето на војната. па

Зачлени се на нашиот е-билтен