Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Во Јапонија штрајк на синдикат на стоковна куќа, прв голем протест во последните 61 година

Членовите на синдикатот на јапонскиот оператор на стоковни куќи „Сого и Сеибу“ денеска стапија во штрајк во својата главна продавница во Токио поради загриженост за работните места по одлуката синџирот да биде продаден на американскиот инвестициски фонд Фортрес инвестмент груп.

Околу 900 вработени во стоковната куќа излегоа на штрајк, а 300 луѓе одржаа протестен собир во блискиот парк, на кој се приклучија и членови на синдикати на други стоковни куќи, пренесува агенцијата Кјодо.

Во продавницата „Сеибу Икебукуро“, каде што беа поставени плакати со кои се информираше јавноста за затворањето на продавницата поради штрајкот, поддржувачите на синдикатот се собраа околу влезот држејќи табли со натпис „Ајде да се бориме заедно“.

– Одлуката за продажба беше избрзана, разочарани сме, рече шефот на синдикатот Јасухиро Тераока.

Компанијата „Seven&“, сопственик на „Сого и Сеибу“, се надева дека оваа продажба ќе овозможи преструктуирање на нејзиниот бизнис.

„Seven&“ првпат ја најави продажбата во ноември, со планови за завршување на трансакцијата во февруари, која двапати беше одложена поради несогласувања меѓу заинтересираните страни.

Штрајковите во Јапонија се ретки од средината на 1970-тите, кога го достигнаа својот врв.

Бројот на штрајкови кои траат повеќе од половина ден е 50 или помалку годишно од 2009 година, покажуваат податоците на Министерството за здравство, труд и благосостојба на Јапонија

Зачлени се на нашиот е-билтен