Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Во Колумбија уапсен албански државјанин по кого трагаат 180 земји

Албански државјанин, познат како „Нико“ или „Ел Гордо“, е уапсен во Санта Марта, Колумбија, откако наводно соработувал со колумбиски шверцери на дрога.

„Нико“ е баран во повеќе од 180 земји, а француските власти, ЕУРОПОЛ, ИНТЕРПОЛ го сметаат за многу важна мета, пренесува Кланкосова.

Уапсениот бил вмешан и во кривични дела за перење на пари, а по него се трага во повеќе од 180 земји.

Според информациите со кои располагаат истражните органи, констатирано е дека „Нико“ бил во служба на структури за шверц на дрога кои вршат криминални дејствија во Франција, Албанија, Холандија и Германија.

Неговото присуство во Колумбија најверојатно имало за цел воспоставување контакти со мрежи за шверц на дрога.

Треба да знаете
Moже да ве интересира