Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Во Мадрид и други делови на Шпанија прогласен „црвен метео аларм“ поради невреме

Највисоко ниво на метеоролошка тревога е прогласена во шпанскиот главен град Мадрид, во Андалузија и во Кастиља-Ла Манча, поради сиилното невреме и продојните дождови кои ја зафатија Шпанија, јави ДПА.

На речиси 10.000 луѓе во каталонскиот град Алканар им е забрането да ги напуштат своите домови поради ризиците од силните бури. На жителите на градот им беше советувано, ако е можно, да одат на горните катови од нивните куќи.

Во изминатите 24 часа во Алканар наврнаа 215 литри дожд на метар квадратен.

Железничките линии меѓу Валенсија и Барселона беа прекинати поради обилните врнежи, а во прекин се и неколку регионални патишта.

На лошото време се припишува и смртта на двајца мажи на возраст од 34 и 31 година, кои пловеле во кањон на река во регионот на Сарагоса, тие паднале во надојдените води и се удавиле.

Поради невремето одложен е фудбалскиот натпревар во Мадрид меѓу Атлетико и Севиља.

Невремето со грмотевици, град, пороен дожд и силен ветер се очекува да трае до утре наутро.

Зачлени се на нашиот е-билтен