Во Нигерија киднапирани 25 ученички од средно училиште

Полицијата во Нигерија соопшти дека вооружени напаѓачи киднапирале 25 девојчиња од едно средно училиште во сојузната држава Кеби.

Во нападот била убиена една вработена во училиштето, а уште една личност е повредена.

За случајот засега нема повеќе информации.

Киднапирањата на ученици се честа појава во северниот дел на земјата, а ваквите напади ги извршуваат вооружени групи уште од 2014 година.

Извор:N1info.rs

Зачлени се на нашиот е-билтен