Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Во Русија се одржуваат регионални избори; веќе се забележани првите прекршувања

 Во Русија денеска се одржуваат регионални избори, а независните набљудувачи забележале прекршувања и измами на многу места, јави ДПА. Гласањето ќе продолжат до утре.

Независната организација за следење на изборите Голос на Телеграм објави дека се врши притисок врз гласачите и дека на нејзините набљудувачи понекогаш им се забранува пристап до избирачките списоци.

Организацијата „Голос“, што на руски значи „глас“ е прогласена за странски агент и е трн во око на руската политичка елита, посочува ДПА. Пред неколку недели беше приведен копретседателот на организацијата Григориј Мелкоњанц.

Независни руски медиуми, како што е порталот Медуза, исто така објавија нерегуларности за време на изборите, на кои треба да се изберат гувернери во 22 региони, како и регионални парламенти во 16.

Дел од локалните медиуми известуваат и за купување гласови во сибирскиот град Братск.Исто така, се наведува дека во јужна Русија, набљудувачите на изборите биле заплашени со тоа што им биле упатени покани да се појават во канцелариите за регрутирање.

Со оглед на масовната репресија врз опозицијата во Русија, независните набљудувачи ги дефинираат изборите како најнеслободни откако претседателот Владимир Путин дојде на власт пред околу 24 години, забележува ДПА. Повеќе од 18 месеци по почетокот на војната против Украина, Кремљ закажа лажни избори во четири анектирани украински територии. Резултатите од овие избори нема да бидат меѓународно признати.

Зачлени се на нашиот е-билтен