Во Соединетите Американски Држави се зголемува јавната и политичката загриженост околу менталната и физичката способност на актуелниот претседател Доналд Трамп, пишува британскиот весник The Guardian.
Во декемвриското обраќање од Белата куќа, Трамп изјави дека неговата администрација во изминатите 11 месеци спровела „повеќе позитивни промени од која било влада во историјата на САД“, оценка што ја повторува и во јавните настапи. Сепак, според анализите, неговиот втор мандат бил обележан со низа невообичаени и збунувачки ситуации.
NEW:
— Megatron (@Megatron_ron) September 18, 2025
🇺🇸🇦🇿🇦🇲 President Trump, for a second time, refers to Azerbaijan as "Aber-Baijan", and refers to Armenia as "Albania" pic.twitter.com/eC6M2Mqrlb
Во текот на 2025 година, Трамп, кој има 79 години, во повеќе наврати покажувал нефокусирано однесување, долги и несврзани говори, како и ненадејни отстапувања од темите за кои биле организирани состаноците. Во некои прилики, јавноста забележа дека тој изгледал поспано за време на состаноци, а во други користел јавни настапи за необични дигресии, од уредување ентериери до тврдења поврзани со китови, птици и ветерници.
Како еден од примерите се наведува и неговото јулско излагање, кога раскажа приказна за својот починат вујко, професор Џон Трамп, за кого тврдеше дека му предавал на Тед Казински познат како Унабомбер иако хронолошки и фактички таква поврзаност не е возможна.
Подоцна истиот месец, на состанок со претседателката на Европската комисија, Трамп ненадејно ја прекина дискусијата за имиграцијата и започна долг монолог за штетното влијание на ветерниците, без да изнесе докази за своите тврдења.
🚨 BREAKING: Donald Trump just fell asleep during his own Cabinet meeting.
— Brian Allen (@allenanalysis) December 2, 2025
Not dozing. Not blinking slowly. Asleep.
This is the President of the United States, nodding off while his administration spirals through war crimes, investigations, and chaos.
It’s beyond embarrassing.… pic.twitter.com/GrlZh1Vub0
Во септември, на состанок со воени претставници, тој говореше за своите успеси, по што премина на коментари за поранешниот претседател Џо Бајден, при што се задржа на неговото паѓање по скали, додавајќи долги лични забелешки и споредби со други поранешни претседатели.
Медиумите бележат и други моменти на збунетост и гафови од тоа што не можел да се сети кој дел од телото му бил скениран при магнетна резонанца, до ситуации во кои, според извештаите, заспал за време на состаноци во Овалната соба и на прес-конференции. Во една прилика, при разговор за мировен договор, ја заменил Албанија со Ерменија.
Белата куќа континуирано ги отфрла ваквите наводи. Претставници на администрацијата истакнуваат дека претседателот е во „одлична здравствена состојба“ и дека неговата ментална острина е неспорна. Трамп, од своја страна, јавно изјави дека успешно поминал тест за рано откривање на деменција.
Портпаролите на Белата куќа ги оценија написите како политички мотивирани и неточни, наведувајќи дека токму ваквите текстови придонесуваат за пад на довербата во медиумите.
John Trump died in 1985. Ted Kaczynski wasn't identified until 1996, and he went to Harvard, not MIT.
— DonkConnects ♻️™ (@donkoclock) July 16, 2025
Donald Trump is just making shit up. pic.twitter.com/55LDceWlzH
Според податоци на „Њујорк тајмс“, распоредот на претседателот во вториот мандат е пократок во споредба со првиот, со настани кои најчесто започнуваат околу пладне и завршуваат во попладневните часови. Од Белата куќа возвратија дека не сите претседателски обврски се јавно објавени.
Анкетите покажуваат дека поддршката за Трамп опаѓа. Истражување на Галуп од ноември покажува дека 36 проценти од Американците го одобруваат неговото работење, што е најниско ниво во вториот мандат, додека анкета на YouGov покажала дека половина од испитаниците сметаат оти Трамп е престар за претседателската функција.
И покрај официјалната одбрана од Белата куќа, медиумите наведуваат дека прашањата околу здравствената состојба на Трамп, кој во јуни ќе наполни 80 години, најверојатно ќе останат актуелна тема и во пресрет на следните избори.