Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Во Шпанија од поплава спасено дете кое осум часа се држело за дрво

Десетгодишно момче од Шпанија е спасено откако осум часа се држело за дрво за да не го однесе надојдената вода, која досега во земјата усмрти најмалку пет лица.

Семејството на момчето престојувало во викендичка во градот Алдеа дел Фресно, западно од Мадрид, а кога во неделата започнало невремето, заминале со автомобил, кој го однела водата.

Момчето било пронајдено следното утро, валкано и со модрици, но живо.

Неговата мајка и сестра се спасени од поплавата, но неговиот татко сè уште се води како исчезнат, пренесува Гардијан.

Обилните врнежи вчера и завчера предизвикаа големи поплави во централна Шпанија. Поради невремето затворени се патиштата и линиите на метрото, а прекинати се и брзите возови, соопштија властите.

Ненадејните обилни дождови ги претворија улиците во реки од кал, влечејќи автомобили и корпи за отпадоци во областите на Мадрид, Кастиља-Ла Манча, Каталонија и Валенсија. 

Зачлени се на нашиот е-билтен