Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Во сообраќајка во Вермонт загина актерот Трит Вилијамс ѕвездата на филмот „Коса“

Синоќа во сообраќајна несреќа во Вермонт загина познатиот американски актер Трит Вилијам (71).

Како што соопшти вермонтската полиција, околу 17 часот вчера по локално време, тој возејќи мотор се судрил со теренско возило кое во тој момент свртело кон паркинг. Вилијамс не успеал да го избегне судирот и паднал од мотоциклот. Се здобил со тешки телесни повреди и веднаш бил префрлен со авион во медицинскиот центар во Њујорк каде што била констатирана смрт.

Актерот не носел заштитен шлем.

Возачот на теренското возило се здобил со полесни повреди и немало потреба да биде хоспитализиран. Според првичните информации, тој ги почитувал правилата и го вклучил трепкачот дека ќе свртува кон паркингот. Не е приведен, но истрагата за несреќата продолжува.

Актерската кариера на Трит Вилијамс траеше околу 50 години. Ја започна во 1975 година кога ја играше улогата на полицаец во филмот „Deadly Hero“, а потоа се појави во повеќе од 120 филмски и телевизиски улоги. Меѓу нив и во филмовите „The Eagle has Landed“, „Prince of the City“ i „Once Upon a Time in America“. Меѓу најпознатите улоги што тој ги имаше се главните улоги во ТВ-серијата „Еврвуд“ и филмскиот мјузикл „Коса“.

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново