Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Во Судан воздушни напади врз главниот град и борби во Дарфур

 Во Судан денеска продолжија судирите со воздушни напади врз Картум, додека борбите се интензивираа во областа Дарфур, на запад, но нема извештаи за можни жртви.

Судирите во Судан избија на 15 април меѓу суданската армија и паравоените единици предводени од двајца ривалски генерали.

Војската соопшти дека најголемата болница во главниот град била цел на беспилотно летало, додека во саботата во сличен напад на истиот објект загинале пет лица, а 22 се повредени.

Во Дарфур, огромен регион кој во 2000-тите беше погоден од граѓанска војна, локалните жители денеска изјавија дека борбите продолжуваат.

Во борбите меѓу армијата на генералот Абдел Фатах ал-Бурхане и паравоената формација на генералот Мохамед Хамдан Дагл од средината на април загинаа 3.000 луѓе, додека повеќе од три милиони ги напуштија своите домови. 

Зачлени се на нашиот е-билтен