Во вториот круг избори Полска ќе избира меѓу проевропски и крајнодесничарски кандидати

Во вториот круг од изборите за претседател на Полска на 1 јуни, проевропскиот кандидат, градоначалникот на Варшава, Рафал Тшашковски, и кандидатот на опозициските конзервативци, директорот на Институтот за народно сеќавање, Карол Навроцки, влегуваат со минимална разлика од 1,5 проценти.

Утрово, по пребројувањето на гласовите од 99 проценти од гласачките места во Полска и сите гласачки места во дијаспората, кандидатот на владејачката коалиција на десниот центар, Тшашковски, освои 31,2 проценти од гласовите, победи во 10 од 16 војводства и води во сите големи градови и во дијаспората.

Второпласираниот од 13 кандидати на вториот круг од изборите во недела, Карол Навроцки, освои 29,7 проценти од гласовите, што е мало подобрување во однос на излезните анкети за полската телевизија веднаш по затворањето на гласачките места.

Објавени беа и првите анкети за резултатите од вториот круг од изборите, за приватната телевизија ТВН, и според нив, Тшашковски би победил, но многу тесно, со 46 проценти од гласовите, додека Навроцки има поддршка од 44 проценти.

Дијаспората, кај која интересот за изборите овој пат беше голем, го стави Тшашковски на прво место со 36,82 проценти од гласовите.

Сепак, според тие гласови, младиот кандидат на радикалната десница, Славомир Менчен, би го поминал вториот круг со 16,58 проценти од гласовите, кој е само на третото место со над 15 проценти од гласовите во земјата.

Од исходот од вториот круг ќе се види и дали владата на премиерот Доналд Туск ќе може да продолжи да ги демонтира авторитарните елементи што по приметрот на унгарскиот премиер Виктор Орбан ги воведе претходната влада на конзервативни националисти од „Право и правда“ реформи во судството, пред сè, но и во другите институции.

Зачлени се на нашиот е-билтен