Воена парада во сенка на незадоволство: Трамп го претвора роденденот во демонстрација на сила

Големата воена парада по повод 250-годишнината на Армијата на САД во Вашингтон беше претворена во личен спектакл на претседателот Доналд Трамп, кој го искористи националниот празник за да го одбележи својот 79-ти роденден – со тенкови, маршеви и огномет. Наместо ден на обединување, центарот на американската демократија беше сцена на поделби и критики.

Иако парадата беше формално наменета за прослава на армијата, многумина ја осудија како политички мотивирана, дизајнирана да ја покаже моќта на Трамп, а не вредностите на демократијата. Според критичарите, ваквото користење на воената сила за лична промоција е загрижувачко и недостојно за една демократска република.

„Ова не е прослава на армијата, туку на еден човек и неговиот егото“, изјави еден демонстрант кој учествуваше во протестите што се одржаа во главниот град и неговите предградија. Повеќе организации предупредија дека милитаризацијата на јавниот простор создава клима на страв и поделеност, наместо единство.

Иако временските услови се закануваа да ја попречат парадата, Трамп инсистираше таа да се одржи – со што уште еднаш ја покажа својата тенденција да ја наметне сопствената волја над здравиот разум и јавниот интерес.

Парадата заврши со огномет, но зад блескавото небо остана впечатокот дека Америка е подготвена да слави сила, додека се повеќе граѓани се чувствуваат отуѓено од владеењето што ја глорифицира формата, а ја занемарува суштината.

Зачлени се на нашиот е-билтен