Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Војници ја блокираа претседателската палата во главниот град на Нигер, Ниамеј

Војници на претседателската гарда на Нигер денеска ја блокираа претседателската палата во главниот град Ниамеј.

Светските агенции јавија дека воени возила го блокираат влезот во претседателската палата и дека блокиран е и пристапот до министерствата покрај палатата.

Официјален претставник на претседателството рече дека персоналот на палатата немал пристап во своите канцеларии.

Засега не е познато дали претседателот на Нигер, Мохамед Базум бил во палатата во моментот на блокадата.

Зачлени се на нашиот е-билтен