Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Волстрит Џурнал: Администрацијата на Бајден ќе одобри на Украина муниција со осиромашен ураниум

 Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден се очекува да обезбеди за Украина муниција со осиромашен ураниум наменета за тенковите „Абрамс“ што САД му ги даваат на Киев, објави денеска Волстрит Џурнал.

Како што јави дописникот на МИА, испраќањето на таква муниција може да предизвика критики до Вашингтон за тоа дека оружјето носи здравствени и еколошки ризици.

Се наведува дека Пентагон настојувал тенковите што САД ги обезбедува за Украина да бидат вооружени со муниција со осиромашен ураниум, што е регуларно употребувана од американската армија, и е мошне ефективна против руските тенкови.

Според воените познавачи, испукана во брзи рафали муницијата има потенцијал да продре во предниот оклоп на каков и да било руски тенк.

– Проектилот удира како товарен воз. Тој е многу долг и многу тежок, со тоа на непријателските штитови во една точка се собира огромна кинетичка енергија, изјави Скот Бостон, одбранбен аналитичар.

Предлогот отворил дебати во Белата куќа каде некои официјални лица изразиле загриженост дека испраќање таква муниција може да предизвика критики до Вашингтон за тоа дека оружјето носи здравствени и еколошки ризици.

Ова е првпат да се известува за снабдување на Украина со муниција со осиромашен ураниум, а во време на голема контраофанзива на украинската војска за придобивање назад на териториите што Русија ги одзеде во текот на веќе на речиси 15 месечната војна.

Главна цел на администрацијата на Бајден е да овозможи Украина на бојното поле да изврши колку што е можно поголем прогрес за Киев да зазеде силна преговарачка позиција, во случај на можни мировни преговори

Зачлени се на нашиот е-билтен