Вонредна состојба во Новоросијск по напад со украинско беспилотно летало

Градоначалникот на рускиот пристанишен град Новоросијск прогласи вонредна состојба денеска по напад со беспилотно летало, во кој се оштетени станбени згради и повредени најмалку пет лица, вклучувајќи две деца.

Градоначалникот Андреј Кравченко ја објави одлуката преку својот официјален Телеграм профил, каде што беше објавено видео од него како врши увид во штетите и дава наредби на надлежните.

Кравченко изјави дека една од повредените, жена, е во тешка состојба и е хоспитализирана.

Засега нема официјален коментар од Украина, која претходно соопшти дека руските воздухопловни сили нападнале Украина преку ноќ со 183 беспилотни летала и две балистички ракети.

Во исто време, синоќа локалната полиција на Харков извести дека 47 цивили се повредени во нападот со руски беспилотни летала врз градот во североисточниот дел на Украина.

Зачлени се на нашиот е-билтен