Според планот, Илон Маск треба во наредните недели целосно да се врати на чело на компанијата Тесла, по неговото привремено ангажирање како шеф на американското Одделение за ефикасност на владата (DOGE).
Сепак, според пишувањето на специјализираниот портал Electrek, неговото лидерство е доведено под прашање, бидејќи група сегашни и поранешни вработени јавно побарале негова оставка.
Во отворено писмо објавено на интернет, тие тврдат дека падот на побарувачката за електричните возила на Тесла е директно поврзан со Маск како главен извршен директор.
Писмото содржи остри формулации:
– Штетата што ја направи репутацијата на Маск врз брендот сега е непоправлива, а како јавно лице на Тесла, таа штета стана и наш товар.
– Се наоѓаме на раскрсница: или ќе го задржиме Илон како директор и ќе се соочиме со понатамошен пад поради напуштањето на брендот од страна на купувачите, или ќе продолжиме без него и ќе дозволиме нашите производи и мисија самите да успеат или пропаднат.
Според Electrek, Тесла во 2024 година за првпат во последната деценија забележала пад на продажбата, а трендот се влошил во првиот квартал од 2025. Интересно е што, според достапните податоци, вкупната продажба на електрични возила во САД пораснала за 10%, додека Тесла забележала пад од 9%.
– Побарувачката за возилата на Тесла стагнира, иако производствените капацитети се на врвно ниво, квалитетот е одличен, а процесите ефикасни. Ова не е проблем на производот, туку проблем на лидерството. Тесла е подготвена да оди напред. И ние сме подготвени да продолжиме напред без Илон како директор.
Како еден од факторите што придонеле за пад на довербата кај потрошувачите, во писмото се споменуваат и контроверзните јавни настапи на Маск, вклучително и два случаи на нацистички поздрави за време на јавни собири поврзани со враќањето на Доналд Трамп во Белата куќа.
Еден од авторите на писмото, поранешниот вработен Метју Лабро (Matthew LaBrot), објавил на LinkedIn дека бил отпуштен откако помогнал да се напише и објави документот, и дека токму тоа билa причината за неговото отпуштање.
Писмото во меѓувреме било цензурирано, а профилот посветен на неговото ширење бил избришан од социјалната мрежа X, чиј сопственик е Маск. Иако јавно се претставува како „апсолутист за слобода на говор“, овој потег предизвика жестоки реакции на мрежите.
Илон Маск сè уште нема јавно реагирано на писмото на вработените, ниту пак од Тесла има официјален коментар по овие наводи,