На хавајскиот вулкан Килауеа е забележано интензивно исфрлање на лава и зголемена вулканска активност, што според податоците на Американскиот геолошки завод (USGS) укажува на почеток на нова еруптивна фаза.
„Продолженото раздвижување на тлото, светкањето и прскањето лава од отворот, како и сеизмичката активност, укажуваат дека е можно уште едно излевање лава. Прскањето забележано на северниот отвор синоќа покажува дека магмата се издигнала високо во каналот“, се наведува во соопштението на USGS.
Килауеа, кој се наоѓа во затворениот дел од Националниот парк на Хаваи, е еден од најактивните вулкани во светот и периодично еруптира од 23 декември 2024 година, според податоците на Геолошкиот завод на САД.
Снимки направени на 22 ноември од планината Килауеа прикажуваат лава што се слева по падините на вулканот, додека во воздух се креваат пепел и чад.
Hawaii's Kilauea volcano spews lava from its crater during its latest eruption on November 23.
— TRT World (@trtworld) November 24, 2025
Located in a closed area of Hawaii Volcanoes National Park, Kilauea is one of the world's most active volcanoes and has been erupting intermittently since 2024 pic.twitter.com/Wx7N298wMO
Според прогнозите на USGS, 37-та епизода на ерупција најверојатно ќе се случи до 26 ноември.

