За 75% падна продажбата на автомобилите Тесла на Маск во Германија

Продажбата на нови автомобили Tesla во Германија падна за повеќе од 75% во февруари, и покрај севкупниот пораст на бројот на електрични автомобили на патиштата, според податоците на Федералната управа за моторен транспорт (KBA).

Податоците покажаа дека 76,3% помалку нови автомобили од компанијата на технолошкиот милијардер Илон Маск биле новорегистрирани во споредба со истиот месец минатата година. Ова одговара на вкупно 1.429 возила кои во овој месец тргнале по германските патишта.

Во јануари, новите регистрации на Tesla веќе паднаа за речиси 60% на годишно ниво, а во текот на 2024 година, ниту една марка на електрични автомобили не забележала толку значителен пад во продажбата како Tesla.

Експертите сугерираат дека поддршката на Маск за американскиот претседател Доналд Трамп може да стане проблем на имиџот за брендот.

Другите причини за неволноста за купување на Тесла автомобилите може да биде тоа што потенцијалните клиенти го чекаат воведувањето на ревидираниот Model Y, како и неочекуваниот крај на субвенцијата за електричните автомобили.

Зачлени се на нашиот е-билтен