Од почетокот на војната во Украина сè поголем број руски граѓани ја напуштија земјата. Главна причина за тоа е стравот од мобилизација, пишува Дневни аваз.
Како што е наведено, тоа се рефлектира и на просторот на Балканот, така што е забележителен порастот на транзитот на руски државјани низ овие области.
Кога станува збор за БиХ, руските државјани најмногу доаѓаат од Србија, Црна Гора и Турција, а нивната крајна дестинација е некоја од земјите на ЕУ.
Во текот на 2022 година и првите шест месеци од 2023 година, во Босна и Херцеговина влегле 154.753 руски државјани, додека заминале околу 142.708.
Само во оваа година до 1 јули влегле 79.784 граѓани на Руската Федерација, а излегле 72.627.
Минатата година имало 74.969 пристигнувања и 70.081 заминувања на руски државјани.
Во моментов, ги има во голем број и во мигрантските кампови во Босна и Херцеговина.
Покрај тоа што е транзитна рута, некои руски граѓани решија да останат во БиХ и да започнат бизнис. Од почетокот на војната, само во Сараево се регистрирани околу 30 фирми чии сопственици се од Русија.