Според рускиот амбасадор во Обединетите Нации, Василиј Небензја, предлозите на тимот на новиот претседател на САД, Доналд Трамп за мир во Украина не се интересни за Русија.
„Тоа се некои неоформени и нејасни сигнали за подготвеност за нешто. Често го слушаме зборот ‘замрзнување на конфликтот’. Претседателот Владимир Путин последен пат на 19 декември јасно и недвосмислено кажа под кои услови сме подготвени да разговараме, не за да го замрзнеме, туку за да го завршиме овој конфликт…Но засега ништо од сигналите на новата американска администрација не укажува на тоа дека тоа е нешто што би било интересно за нас“, рече Небензја во интервју за телевизијата „Русија-24“.
Тој вели дека сигнали за некаков договор доаѓаат и од Украина, но дека тие не може да се сфатат сериозно.
„Прашањето е кога конечно ќе можеме да претпоставиме за одлуката на претседателот на Украина, Владимир Зеленски да седне на преговарачка маса, на која линија на бојното поле ќе има допирни точки. Колку подолго се одложува, толку полоши ќе бидат условите за него, за тоа одамна му беше кажано. Одлуката е негова“, истакна Небензја.