Забрана за бурки во Швајцарија

Од вчера, во Швајцарија стапи во сила законот за забрана на покривање на лицето на јавни места, познат како „забрана за бурка“. Неговото прекршување може да се казни со парична казна до 1.000 швајцарски франци (1.064 евра), пренесе „Свисинфо“.

Законот беше усвоен на референдум во март 2021 година, кога 51,2% од гласачите го поддржаа. Исклучоци се дозволени за безбедносни, здравствени, временски или уметнички цели.

Од 1 јануари, швајцарските закони во борбата против детските бракови стануваат построги. Браковите склучени во странство, каде што еден од сопружниците е малолетен, нема да се признаваат ако едниот бил жител на Швајцарија за време на склучувањето на бракот. Детски бракови може да се поништат до 25-та година на засегнатото лице, наместо досегашниот рок до 18 години.

Целта е да се спречат „бракови на годишен одмор“ или случаи каде што семејствата ги склучуваат браковите во земји со пониска возраст за стапување во брак. Дополнително, во Швајцарија браковите нема да се признаваат ако и двајцата сопружници немаат барем 16 години.

Од почетокот на годинава, пензиите во Швајцарија се зголемени за 2,9%, усогласувајќи се со растот на цените и платите.

Минималната државна пензија сега изнесува 1.260 швајцарски франци (1.343 евра), додека максималната е 2.520 франци (2.683 евра).
Истовремено, зголемени се и придонесите, дополнителните надоместоци и професионалните бенефиции. Оваа мерка е дел од редовниот преглед на владата, кој се спроведува на секои две години за усогласување со животните трошоци.

Зачлени се на нашиот е-билтен