Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Започна со работа новиот Конгрес на САД, ќе успеат ли Републиканците да се договорат за спикер?

Фото: JessicaRodriguezRivas, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Во САД започнува со работа новиот, 119. по ред состав на Когресот на САД, каде што Републикаснката партија има контрола и над Белата куќа и над Сенатот.

Сепак, тие се соочуваат со проблеми околу изборот на спикер во Претставничкиот дом. Со 219 добиени мандати, републиканците успееја да добијат мнозинство, но многу тесно. Демократите освоија 215.

Позицијата на Мајк Џонсон, актуелниот спикер, е раздрмана откако минатиот месец тој направи договор со демократите за продолжување на  финансирањето на владата.

Доволно е само двајца републиканци да гласаат против Џонсон за тоа да го загрози неговоит реизбор. Демократите се очекува да го номинираат Хаким Џефрис за свој кандидат за спикер, но најверојатно и нему ќе му недостасуваат неколку гласа.

Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп го поддржа Џонсон нарекувајќи го „добар, трудољубив и религиозен човек“, но двајца покозервативни конгресмени, Чип Рој и Томас Маси, се сомневаат во лидерството на Џонсон.

Стив Бенон, сојузник и советник на Трамп, дури ги повика републиканците да го исфрлат Џонсон од раководството на партијата.

Пред две години, на почетокот на претходниот состав на Конгресот, во борбата за спикерското место  со слични проблеми се судри и републиканецот Кевин Макарти. Како резултат на внатрепартиските борби тој беше избран откако долниот дом гласаше за него 15 пати. 

Зачлени се на нашиот е-билтен