Заседа во Ајдахо: Двајца пожарникари убиени, еден ранет по напад за време на гаснење пожар

Двајца пожарникари загинаа, а трет е ранет кога вооружен маж во американската држава Ајдахо намерно запалил шумски пожар и потоа отворил оган врз екипите за прва помош. Инцидентот, кој властите го нарекоа „заседа“, се случил на планината Канфилд, северно од градот Кер д’Ален.

Напаѓачот, кој дејствувал сам, бил пронајден мртов по седумчасовна акција во која учествувале над 300 полицајци, снајперисти и хеликоптери. Засега не е познато дали се самоубил или бил застрелан од полицијата.

Шерифот на округот Кутенај изјави дека пожарникарите немале никаква шанса и дека мотивот за нападот останува непознат. Идентитетите на загинатите пожарникари и нивниот ранет колега сè уште не се објавени.

Настанот го потресе градот со околу 55.000 жители, каде вакво насилство досега не било забележано.

Ask ChatGPT

Зачлени се на нашиот е-билтен