Зеленски и Макрон разговараа за „житниот коридор“, утре во Сочи средба Путин – Ердоган

 Украинскиот претседател Володимир Зеленски соопшти дека денеска телефонски разговарал со неговиот француски колега Емануел Макрон за „начините да се обезбеди функционирање“ на коридорот создаден од Киев во Црното Море, како и безбедна пловидба на товарните бродови, по повлекувањето на Москва од договорот за извоз на жито, пренесе БТА.

– Разговаравме за начините да се обезбеди функционирање на коридорот за жито и да се зајакне безбедноста на регионот на Одеса“ во југозападна Украина, напиша Зеленски на социјалната мрежа Х (поранешен Твитер).

Зеленски и се заблагодарил на Франција за воената помош и се согласил со Макрон француски компании да учествуваат на претстојниот Форум на украинската одбранбена индустрија. Зеленски и Макрон, исто така, се договориле „да започнат преговори за билатерални безбедносни гаранции“.

Претседателот на Русија и на Турција, Владимир Путин и Реџеп Тајип Ердоган денеска во Москва разговараат за решавање на кризата во сириската провинција Идлиб

За „житниот коридор“ во Црното Море, утре во Сочи ќе разговарат и претседателите на Русија и Турција, Владимир Путин и Реџеп Таип Ердоган.

Акиф Чагатај Кулч, главен советник за надворешна политика на Ердоган, најави дека Анкара настојува да ја убеди Москва повторно да се приклучи на договорот.

– Актуелната ситуација (на договорот за жито) ќе се дискутира на самитот во понеделник. Ние сме претпазливи, но се надеваме дека ќе постигнеме успех, бидејќи ова е ситуација која влијае на целиот свет, рече Кулач.

Извор МИА,

Зачлени се на нашиот е-билтен