Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Зеленски на ненајавен собир во Вилнус: Верувам во НАТО, кој не се колеба

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој денеска пристигна во Вилнус каде се одржува важен самит на НАТО, им се обрати на насобраните граѓани на ненајавен голем собир во центарот на главниот град на Литванија, објави Укринформ.

НАТО ќе и даде безбедност на Украина, а Украина ќе го направи НАТО посилен, рече Зеленски во говорот што беше проследен со гласно одобрување од голем број присутни.

Зеленски им се обрати на граѓаните во центарот на Вилнус во друштво на литванскиот колега Гитанас Науседа. Украинскиот претседател на собирот изрази верување во „НАТО кој не се колеба, не губи време и не се осврнува на агресорот“.

Би сакал ова верување да стане доверба во одлуките што сите ги заслужуваме и што ги очекува секој наш војник, секој наш граѓанин, секоја наша мајка и секое наше дете, додаде Зеленски.

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново