Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Зеленски отфрла каков било мировен план што би ја претворил војната во замрзнат конфликт

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека нема да прифати ниту еден предложен мировен план што би ја претворил руската војна во неговата земја во замрзнат конфликт.

Украинскиот претседател во обраќањето пред Парламентот по повод Денот на украинскиот устав истакна дека останува против каков било мировен план со кој би се замрзнале териториите заземени од Русија во инвазијата која почна во февруари минатата година.

„Украина нема да се согласи со ниту една од опциите за замрзнат конфликт“, рече тој.

Зеленски подготви мировен план од 10 точки, кој вклучува враќање на територијалниот интегритет на Украина, повлекување на руските вооружени сили и враќање на украинските државни граници.

Киев започна контраофанзива во обид да ги врати окупираните територии, но руската армија сè уште држи области во источна и јужна Украина.

Зачлени се на нашиот е-билтен