Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Зеленски: Поддршката од двете партии во САД е најважната работа за Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изрази стравување дека Кијив може да ја загуби поддршката од двете партии во САД (демократите и републикаците), по, како што наведе, „опасните пораки што доаѓаат од некои републиканци“.

Мајк Пенс, (поранешен потпретседател на САД, оп.а.) нè посети и ја поддржува Украина. Прво како Американец, а потоа како републиканец. Имаме поддршка од двете партии. Сепак, во нивните кругови кружат различни пораки за поддршката за Украина.

– Но некои републиканци понекогаш испраќаат опасни сигнали дека помошта може да биде помала и се плашам дека ќе ја изгубиме поддршката од двете партии во САД, рече украинскоот претседател на прес-конференција во Киев.

Зеленски нагласи дека, без оглед на тоа кој ќе победи на следните претседателски избори во САД, одржувањето на поддршката и од демократите и од републикаците е „најважната работа за Украина“.

Зачлени се на нашиот е-билтен