Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека најновите руски напади потврдуваат дека Москва не размислува за мир.
Неговата делегација утре во Саудиска Арабија треба да седне со американската делегација и да ги започне преговорите за рамката на мировниот договор и првичниот прекин на огнот во Украина.
„Русија продолжува да докажува со својата суровост, од ден на ден, дека не размислува како да ја заврши војната, туку како да уништи и зароби повеќе, додека светот дозволува тоа да продолжи“, посочи Зеленски.
„За Американците, лош договор е подобар од никаков договор. Но, за Украинците, лошиот договор е полош од никаков договор. И ова е причината за фундаменталната тензија меѓу нив. Така, ќе мора да има некој излез од ќор-сокакот за да се направи пробив“, според Џејмс Никси, директор на Програмата за Русија и Евроазија во Чатам Хаус.