Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Зеленски предупреди: Не се работи само за нас, ако ние паднеме, Русија ќе продолжи понатаму

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека целиот меѓународен поредок е загрозен од руската агресија врз неговата земја, нагласувајќи дека ако Украина падне, Русија ќе продолжи понатаму.

– Не се работи само за нас. Ако ние паднеме, Русија продолжува понатаму. Има земји со империјалистички амбиции кои можат да ги преземат истите агресивни чекори. Ова е многу опасно, изјави Зелнски во интервју за јапонскиот весник Јомури Шимбун (The Yomiuri Shimbun).

На прашањето што треба да се направи за да се спречи таквата инвазија на хегемонична воена сила, тој одговори: „Само пораз на Русија во оваа војна“.

Од февруари 2022 година, кога започна руската агресија, Зеленски вложува напори да ја добие поддршката од меѓународната заедница. Во интервју за Јомиури тој нагласи дека им е потребна максимална помош.

„Помогнете ни да победиме. Тоа значи да си помогнете себеси да победите“, беше јасен тој во намерата да апелира до меѓународното јавно мислење за потребата да се поддржи Украина. Тој, исто така, ја изрази својата намера да побара од Јапонија дипломатска поддршка за „Киевскиот безбедносен договор“, нова безбедносна рамка што Украина ја заговара за да спречи нова инвазија на Украина.

Жестоките борби меѓу украинските и руските сили продолжија во Бахмут, источна Украина, со зголемени жртви меѓу Украинците. Зеленски изјави дека немаат муниција.

„Немаме муниција. Ситуацијата на исток не е добра за нас“, подвлече тој.

Тој апелираше да се забрза испораката на муниција од САД и европските земји.

Тенковите обезбедени од Германија и други земји се очекува да бидат распоредени во борба од април. Тој ја посочи својата намера да ги распореди за да ја пробијат руската воена одбранбена линија, велејќи дека „ни требаат тенкови за да ја деокупираме Украина“.

Во САД и европските земји постои загриженост дека снабдувањето со оружје на Украина може да доведе до ескалација на борбите. Сепак, Зеленски се спротивстави на тоа тврдење, велејќи дека би сакал луѓето да престанат да се плашат од заканите упатени од Руската Федерација.

Зеленски изрази сомневање за кинескиот предлог од 12 точки, во кој не се споменува целосно повлекување на руските трупи, ниту враќање на сите територии окупирани од Русија. Иако Кина се промовира како активен „посредник“ за постигнување мир, тој е скептичен за изразената намера на Кина.

Зеленски рече дека суверенитетот и територијалниот интегритет се на прво место, ставајќи до знаење дека тој не го смета кинескиот предлог за вистински мировен план.

Зачлени се на нашиот е-билтен