Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Зеленски пристигна во посета на САД на разговари со Бајден за нов значаен пакет воена помош

Претседателот на Украина Володимир Зеленски допатува во среда во официјална посета на САД на покана на американскиот лидер Џо Бајден.

Како што јавува дописникот на „Укринформ“ од Вашингтон, украинската делегација предводена од Зеленски ќе се сретне со високото раководство на САД во Белата куќа на 21 декември.

Се очекува страните да разговараат за актуелната ситуација во Украина, како и за продолжување на сеопфатната билатерална соработка наспроти руската агресија.

Американскиот претседател Џо Бајден објави на Твитер дека се надева оти украинскиот претседател Володимир Зеленски има добар лет.

„Се надевам дека имаш добар лет, Володимир. Воодушевен сум што те имам овде. Има многу да се разговара“, напиша Бајден.

„За време на посетата, претседателот Бајден ќе објави значаен нов пакет безбедносна помош за да и помогне на Украина да се одбрани од руската агресија“, соопшти Белата куќа пред посетата.

Подоцна во среда, претседателот на Украина ќе се обрати на заедничката седница на Конгресот, демонстрирајќи ја силната, двопартиска поддршка за Украина.

Покрај тоа, претседателот на Украина ќе оствари и неколку билатерални средби.

Ова е втора државна посета на Зеленски на САД. Тој првпат ги посети САД кон крајот на август – почетокот на септември минатата година. Тековната посета е прво патување на Зеленски во странство од почетокот на руската целосна инвазија на Украина.

Како што е соопштено, Зеленски заминал за Вашингтон веднаш по посетата на најжешката област на војната – напредните позиции на украинските бранители во Бахмут. Според Белата куќа, претседателите на САД и Украина разговарале за можна средба во главниот град на САД за време на телефонски разговор на 11 декември. Минатата среда, на 14 декември, Бајден официјално го покани Зеленски да лета за Вашингтон. Украинската страна официјално ја потврди посетата минатиот петок.

Од Кабинетот на претседателот на Украина истакнаа дека посетата на САД покажува високо ниво на доверба меѓу двете држави.

Извор: ЦивилМедиа

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново