Претседателот на Украина, Володимир Зеленски патува со авион на француската Влада на Самитот на Арапска лига, што се одржува во Саудиска Арабија, изјави неименуван украински претставник.
Според него, Зеленски со истиот авион потоа ќе отпатува на Самитот на Г7, што се одржува во Хирошима,
Зеленски денеска ќе присуствува на Самитот на Арапска лига, со цел да лобира кај сојузниците и земјите кои сè уште се неутрални за руската инвазија врз Украина.
Украинскиот претседател на Самитот на Г7 ќе побара воена помош.