Зеленски: Украина ќе ги почитува договорите, но ако Москва ги прекрши ќе бараме санкции и оружје

Фото: ©Ukraine Presidency/Ukrainian Pre/ZUMAPRESS.com/MAXPPP

Киев ќе ги исполни своите обврски од договорот за безбедност во Црното Море, но доколку Русија го прекши договор, ќе бара дополнителни санкции за Москва и оружје, најави украинскиот претседател Володомир Зеленски.

„Ако Русите го прекршат договорот, имам директно прашање за претседателот Доналд Трамп. Ако го прекршат, еве доказ – бараме санкции, бараме оружје“, наведе Зеленски.

Тој договорот го оцени како „чекор во вистинската насока“, но оти е „прерано е да се каже дека договорот ќе функционира“. Според него состаноците биле добри,  биле донесени правилни одлуки и направени вистински чекори.

„По ова, никој не може да ја обвини Украина дека не се движи кон одржлив мир“, истакна Зеленски.

Зачлени се на нашиот е-билтен