Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Земјотрес со интензитет од 5,4 степени во областа Мангистау во Казахстан

Земјотрес со интензитет од 5,4 степени во областа Мангистау во западниот дел на Казахстан регистрираа денеска напладне по локално време станиците за следење на сеизмичката активност во таа држава, соопшти казахстанското Министерство за вонредни ситуации.

Епицентарот на земјотресот, како што се наведува, бил на 1.981 километри северозападно од Алмати на територијата на Казахстан, а магнитудата била 5,4 степени.

Според сеизмолозите, земјотресот најсилно бил почувствуван во селата Кизан и Тушикудик во областа Мангистау. 

Нема извештаи за жртви и причинета материјална штета.

 

Зачлени се на нашиот е-билтен