Продолжува традицијата на Женскиот марш во Вашингтон, осум години по првиот собир. Оваа година тој е наречен Народен марш, само два дена пред инагурацијата на новоизбраниот претседател Доналд Трамп.
Првиот марш се одржа во 2017 година од жени незадоволни од претседателската победа на Трамп и организираа големи собири во градовите низ земјата. Ваквите собори потоа станаа основа на движењето кое стана познато како Женски марш.
Само собирот во Вашингтон привлече повеќе од 500.000 демонстранти, а милиони други учествуваа на маршеви низ целата земја. Митинзите беа меѓу најголемите еднодневни демонстрации во историјата на САД.
Оваа година, Маршот во Вашингтон се очекува да биде околу една десетина од првиот по број на учесници.
Се одржува во време кога многу прогресивни гласачи се чувствуваат исцрпени, разочарани и очајни по изборниот пораз на поранешната потпретседател Камала Харис, а настанот „ребрендиран“ како Народен марш има цел да привлече поголема поддршка за оваа група.
Собирот треба да го фокусира вниманието на низа прашања – женските и репродуктивните права, правата на ЛГБТК, имиграцијата, климата и демократијата, наместо да се фокусира само на Трамп.
Демонстрациите ќе промовираат теми поврзани со феминизмот, расната правда, антимилитаризацијата, а ќе завршат со дискусии водени од организации кои се залагаат за социјална правда.