Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Жестоки битки за стратешки важниот град Покровск во источна Украина

 Руски напаѓачи и украински бранители повторно влегоа во жестоки битки за стратешки важниот град Покровск во источна Украина, пренесе ДПА.

Генералштабот во Киев во својот извештај за ситуацијата вечерва соопшти дека во текот на денот биле пријавени 35 руски напади околу градот на работ на Донбас.

– Три руски војски се концентрирани овде против нас, изјави регионалниот командант Виктор Трехубов, цитиран од новинската агенција Униан.

– Битките овде се многу интензивни бидејќи руските окупатори ги распоредуваат сите расположливи сили напред и се обидуваат да ги пробијат одбранбените линии на нашите трупи, додаде тој.

Според него, во обидите за напади врз Покровск, руските напаѓачи наводно претрпеле големи загуби. Само претходниот ден загинаа 133 руски војници, рече Трехубов.

Бројките не можат да се потврдат независно. 

Зачлени се на нашиот е-билтен