Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Знаете ли зошто треба да се смеете денеска?

Фотографијата е генерирана со помош на ВИ

На 10-ти јануари го славиме Светскиот ден на смеата – ден посветен на радоста, спонтаноста и поврзаноста меѓу луѓето. Смеата е универзална, но и уникатна – од заразно кикотење до тивка насмевка, и како отпечатокот од прст, она што го покажува може многу да открие за нас. Овој ден се одбележува од 1998 година по иницијатива на индискиот лекар Мадан Катарија.

Но, смеата не е само забава – таа има и бројни здравствени придобивки. Научниците откриле дека децата се смеат до 300 пати дневно, додека возрасните само околу 20 пати. Со старењето, забораваме на кратките моменти на радост, а токму тие можат да направат голема разлика.

Само неколку минути смеење можат да ја намалат количината на кортизол, хормонот на стрес, и да ја зголемат продукцијата на ендорфин – хормонот на среќата. Покрај тоа, смеата го стимулира мозокот, ја подобрува концентрацијата и може да ја зајакне меморијата.

Смеањето, исто така, согорува калории. За само десет минути смеја можете да изгубите до 40 калории и да активирате 80 мускули, вклучувајќи ги 17-те на лицето. Неколку минути смеење може да има сличен ефект како 15 минути вежбање на собен велосипед.

Што е најважно, смеата со другите ја зајакнува поврзаноста, гради доверба и позитивен имидж, што води до поголема самодоверба на долг рок.

Зачлени се на нашиот е-билтен